Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека нафтата и гасот ќе доаѓаат стабилно од Русија, додавајќи дека секој друг извор на снабдување со овие енергетски извори би бил понеизвесен и поскап.
Орбан рече дека безбедноста на снабдувањето со нафта и гас од Русија е загарантирана, додавајќи дека „ниту едно разумно лице не би се откажало од нешто сигурно, за нешто неизвесно“, објави новинската агенција МТИ.
Тој рече дека договорената цена на енергијата од Русија е пониска отколку од другите земји.