Орбан стравува дека „ќе ја изгубат Србија доколку што поскоро не влезе во ЕУ“

од Nikola Popovski
282 прегледи

Србија мора што поскоро да влезе во Европската унија, во спротивно Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја загуби оваа земја, смета унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Мораме да ја завршиме старата задача за проширување пред да започнеме со новото проширување со Украина. Ако Србија не ја интегрираме што поскоро, ќе ја изгубиме. Србија има други опции. Штотуку склучи договор за слободна трговија со Кина, изјавил унгарскиот премиер за австрискиот весник „Пресе“, пренесува ТАСС.

Унгарскиот премиер, исто така, го нарекол проширувањето на ЕУ со Западен Балкан „главен приоритет“ за Будимпешта за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, кое започнува на 1 јули.

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за трговија на Народна Република Кина, Ванг Вентао, потпишаа договор за слободна трговија меѓу двете земји на 17 октомври 2023 година во Пекинг.

Слични содржини