Во интервју за швајцарското списание Die Weltwoche, Орбан изјави дека светот мора да изнајде нов концепт кој ќе го замени, како што вели, застарениот систем заснован на правила.
„Поредокот заснован на правила пропадна. Тој не успеа да реши ниту еден од фундаменталните проблеми на човештвото, особено во западната хемисфера, и затоа повеќе нема смисла да се држиме до него“, изјави Орбан, пренесува ТАСС.
Според унгарскиот премиер, светот влегува во ново геополитичко опкружување во кое секоја држава ќе мора самостојно да го пронајде своето место. Тој оцени дека за да се снајдат во такви услови, светските лидери треба да ги зајакнат личните односи, да градат пријателства и да постигнуваат конкретни договори.
Орбан додаде дека токму пристапот заснован на договори, а не на апстрактни правила, може да понуди поефикасни решенија за глобалните предизвици со кои се соочува светот.