Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјви дека Централна Европа е последната „слободна зона од мигранти“ на континентот, додавајќи оти единството меѓу Унгарија, Полска и Чешка може да каже „стоп’ на глобализацијата и на масовната миграција.
Според него, Европа треба да биде „безопасна, праведна, граѓанска, хриситијанска и слободна“ и повторно да биде голема, пред да тргне по патот на се поинтензивниот мултикултурализам.
Орбан повторно ја критикуваше Европска унија, повторувајќи дека треба да бидат заштитени внатрешните граници на Европа.
Премиерот на Унгарија обвини и една „шпекулативната финансиска империја“ за „продорот“ на мигранти во Европа во 2015 година, алудирајќи на организацијата на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос.
Орбан критиките кон ЕУ и Сорос ги упати во својот денешен говор по повод 61-годишнината на антисоветското востание во Унгарија. Во 1956 година советските тенкови за неколку денови со задушија бунтот, а околу 200.000 Унгарци пребегаа на Запад.