480
Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде интервју за германскиот весник Die Welt во Будимпешта, во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина. Орбан смета дека Киев ќе остане без војници пред Москва.
За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер.
И покрај првичните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сепак смета дека победата на Украина против Русија е „невозможна“.
„Проблемот е што Украинците ќе останат без војници пред Русите. И тоа на крајот ќе биде одлучувачки фактор“, рече тој.
Затоа, тврди Орбан, „секогаш се залагам за мир, мир, мир“.
„Во спротивно, Украина ќе изгуби огромни количини на богатство и многу животи, а ќе дојде до незамисливо уништување“, вели унгарскиот премиер.