Орбан: Унгарија ја поддржува интеграцијата на Молдавија во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
671 прегледи

Унгарија безусловно го поддржува членството на Молдавија во Европската унија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан по средбата со молдавскиот премиер Дорин Рекеан во Будимпешта.

„Покрај предностите за Молдавија, ЕУ би имала корист и од нова енергија, од земји за кои е познато дека се населени со вредни луѓе“, рече Орбан на заедничката прес-конференција, пренесува агенцијата МТИ.

Молдавија пред осум години потпиша договор за придружување во ЕУ, а неодамна ги отвори преговорите за членство, што Орбан го нарече „болно долго време“.

Тој додаде дека се надева оти ЕУ може „да врати дел од изгубеното време со забрзување на пристапните преговори“.

Унгарија, исто така, ќе има корист од царинските ослободувања меѓу Молдавија и ЕУ, подвлече Орбан, додавајќи дека Будимпешта работи на повторно воспоставување директни летови меѓу двете земји.

Слични содржини