Орбан: Унгарија ќе ја тужи Европската комисија ако го игнорира ветото за одлуката за санкции за купување руски гас и нафта

Според него, ЕК го заобиколила унгарското вето, кое, нагласи тој, е нелегално.

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата ќе ја тужи Европската комисија ако го игнорира ветото на Унгарија врз планираните санкции за купување руски гас и нафта.

„Брисел играше погрешни коцки кога одлучи да го забрани купувањето руска нафта и гас, од што е исклучена позицијата на Унгарија и Словачка, како и трговската политика на ЕУ, која зависи од гласањето“, изјави тој за Радио Кошут, пренесува МТИ.

Според него, ЕК го заобиколила унгарското вето, кое, нагласи тој, е нелегално.