Орбан: Унгарија нема да дозволи да биде принудена да влезе во војна по трет пат

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Унгарија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана и следната година доколку војната во Украина продолжи до 2025 година, со што ќе се намали износот на расположливите средства за други трошоци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан изјави за државното радио дека доколку војната во Украина се пролонгира до 2025 година, нивоата на средства за одбрана на Унгарија за 2023 и 2024 година нема да бидат доволни и ќе мора да се зголемат, пренесe агенцијата МТИ.

Орбан изјави дека е загрижен за иднината на Европа и дека унгарската влада нема да дозволи Унгарија да биде принудена да влезе во војна по трет пат, откако учествуваше во Првата и Втората светска војна.

Слични содржини