Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, му врачи Орден на Република Србија на голем ѓердан, за исклучителни заслуги во развојот и зајакнувањето на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу двете земји.
Вучиќ рече дека му претставува голема чест и задоволство да го удостои премиерот на Унгарија со највисокиот орден што го има и доделува Србија.
Претседателот на Србија рече дека е многу благодарен на неговите унгарски пријатели за поддршката што ѝ ја даваат на Србија во секоја прилика на нејзиниот пат кон ЕУ и за сите важни регионални прашања, особено во билатералната соработка.
„Унгарија е земја која мора да биде пријател со Србија“, изјави денеска во Белград унгарскиот премиер Виктор Орбан.
По добивањето на Орденот на Република Србија на голем ѓердан, Орбан изјави дека за него е голема чест што може да го прими орденот.