Орбан: Војната во Украина не може да се реши на бојното поле

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, туку само со дипломатија и разговори, а првиот чекор би бил итен прекин на огнот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој за државното радио изјави дека Унгарија мора да биде упорна во повикувањето на мир, нагласувајќи дека војната е многу скапа и дека Украина останала без пари и едвај преживува, пренесува МТИ.

Според Орбан, украинската армија е оперативна исклучиво благодарение на западните пари.

Слични содржини