Орбан: Време е за ревизија на санкциите против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска побара да се изврши ревизија на санкциите против Русија, со што ја поддржа изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека конфликтот во Украина на различни начини влијае на ЕУ и на САД.

„Макрон е во право бидејќи трошоците за украинскиот конфликт не се исти на двете страни на Атлантикот. Ако сакаме опстанок на европската економија, мора брзо да ја решиме енергетската криза. Време е за повторна проценка на санкциите“, нагласи Орбан во порака објавена на Твитер.

Францускиот лидер вчера во изјава за американскиот CBS News рече дека има „десинхронизација“ во односите меѓу Европа и Вашингтон поради високата цена на енергијата.

Тој потсети дека ЕУ е купувач на гас и нафта, а САД е производител и поради тоа домаќинствата од ЕУ и Америка добиваат струја по различни цени и дека таа разлика влијае на куповната моќ и конкурентноста на европското општество.

Слични содржини