Орбан за обвинувањата дека унгарски дронови влегле во украинскиот воздушен простор: ,,Па што…”

од Vladimir Zorba
47 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги отфрли обвинувањата на Киев дека унгарските извидувачки беспилотни летала го нарушиле воздушниот простор на земјата и го доведоа во прашање суверенитетот на Украина

„Да претпоставиме дека прелетале неколку метри таму (Украина), па што“, рече Орбан во поткаст продуциран од неговата партија Фидес, објави Политико.

Орбан ја повика Украина да „се справи со беспилотните летала на својата источна граница“, каде што води копнена војна со Русија.