Орбан за тензиите во српскиот Парламент: Три земји се на мета за дестабилизација

од Nikola Popovski
94 прегледи

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Христијан Мицкоски говореше и за денешните случувањата во Собранието на Србија и тензиите меѓу пратениците на тамошната власт и опозиција. Орбан обвини дека има обид за дестабилизација во три земји во Европа, меѓу кои и неговата.

-Тоа што се случи таму е приватна работа. Само ќе кажам што паѓа во очи за нас – откако патриотите во САД победија, во централна Европа се зајакнати стремежите за дестабилизација и сметам дека Србија е жртва. На мета се три земји – Србија, Унгарија и Словачка. Ако се сеќавате на нашата борба против институциите на Сорос, знаете за што зборувам. Го планираме крајот на таа борба и истата да заврши до крајот на пролетта. Во овие три земји има патриотски влади и тоа е последица на тоа што го гледате. Слични процеси има во Унгарија и Словачка. Ова е мрежа каде што има вазали кои се платени, но верувам дека овие три земји имаат сила за да ја зачувуваат својата стабилност. И Србија има стабилна Влада, рече шефот на унгарската влада.

Слични содржини