ОРБАН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Никогаш поголема неодговорност во Европа, немаат поим колку ќе чини

од Vladimir Zorba
880 прегледи

УНГАРСКИОТ премиер Виктор Орбан изјави дека никогаш не видел поголема неодговорност од Европа, која се меша во конфликтот во Украина без да пресмета колку тоа ќе ја чини.

-Европа толку се вклучува во војната што нема ни проценка на трошоците и ресурсите потребни за да ја постигне својата воена цел. Не сум видел ништо понеодговорно во животот, изјави Орбан во интервју за Јутјуб каналот „Патриот“.

Според него, НАТО сака да стане учесник во конфликтот во Украина и „шансите Алијансата да може да се воздржи од тоа се ограничени, бидејќи тие не сакаат да бидат убедувани“.

Слични содржини