Орце дојде со букет кај Данела, извршено примопредавањето на функцијата Градоначалник на Скопје

Ѓорѓиевски претпладнево од Градската изборна комисија го доби уверението дека е избран за градски татко.

од Vladimir Zorba
128 прегледи Фото: Инстаграм/Принтскрин/ 4News

Орце Ѓорѓиевски денеска официјално ја презема функцијата градоначалник на град Скопје од Данела Арсовска. 

Ѓорѓиевски пристигна со букет цвеќе кај сега веќе екс градоначалничката на главниот град. Арсовска го заврши својот мандат, кој го доби со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во 2021 година.

Ѓорѓиевски претпладнево од Градската изборна комисија го доби уверението дека е избран за градски татко.