Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека општинската власт ќе започне да ја гради првата катна гаража до втората половина на 2026 година, на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
-До крајот на мојот мандат, планираме две катни гаражи, при што првата ќе ја започнеме да ја градиме до втората половина на оваа календарска година, рече Ѓорѓиевски.
Градоначалникот истакна дека новата катна гаража значително ќе го олесни паркирањето како за вработените, така и за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат Клиничкиот центар поради здравствени потреби.
Пред неколку дена, министерот за здравство Азир Алиу најави дека до мај, Клиничкиот центар во Скопје ќе добие целосно нов паркинг, со „смарт“ инфраструктура и катна гаража. Одговарајќи на новинарски прашања, Алиу појасни дека досега реализацијата била закочена поради административни проблеми поврзани со инфраструктурата на паркингот, но дека тие пречки се надминати и проектот влегува во завршна фаза.