Орце соопшти дека за 40 дена почнува изградбата на последниот дел од булеварот ,,Борис Трајковски“

Од Пинтија до Драчево ќе се гради булевар со четири ленти

од Nikola Popovski
8 прегледи Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – изградбата на булеварот „Борис Трајковски”.

Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да започнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.

Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.