Орданоски: Политичкиот светоглед на Силјановска е од осумдесеттите, слични се и Максим и Стевчо

од Stefanija Kuzmanovska
453 прегледи

Главните кандидати, такви се 4-5, коишто ќе бидат истовремено и најгласни и најинтензивни во кампањите, 90 отсто од нив живеат со своите политички мисли во едно друго време. Не е тоа само затоа што сите они во суштина се националисти, туку затоа што идејата за демократија им е застаната и пред социјалистичките демократски модели. Професорката Гордана Силјановска, реално нејзиниот политички светоглед е од 80-тите години. Сите се оние припадници на дефиницијата дека демократијата е власт на мнозинството. Воопшто како да не живеат во оваа држава која последните 25 години развива модел на социјална демократија кој е многу попрефинет, поразвиен, дава големи резултати, прави големи проблеми, изјави аналитичарот Сашо Орданоски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека истиве овие кандидати се застанати во разбирањето на демократијата во осумдесеттите години од минатиот век.

„Тоа не се однесува само на г-ѓа Гордана, туку и на Максим, Стевчо Јакимовски“, заклучи Орданоски.

Слични содржини