Орданоски: Постојат монополи во државата на кои не им одговара да влеземе во ЕУ

од Vladimir Zorba

„Во енергетиката, во крупни сфери, тоа се монополи на кои не им одговара Македонија да влезе во Европската Унија и тие тивко си ја работат агендата преку Стопанската комора на Македонија“, рече новинарот и аналитичар, Сашо Орданоски во поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека неколку индустрии коишто произведуваат масовни производи се прилагодени на сиромашниот балкански пазар и се плашат од интеграцијата.

„Ако Балканот тргне напред и за 5-6-7 години почне да расте, тие не ќе имаат што да продадат. Тогаш ќе се продаваат квалитетни производи ако станеш дел од тој поширок европски пазар особено ако не си товарен со царина и тн. И на дел од тие производители не им одговара да се приклучиме на Европската Унија бидејќи тие имаат богата палета на производи коишто се таман за едно потиштено економски население и може масовно да купува неквалитет“ заклучи Орданоски.

Слични содржини