Ордановски: Би било погрешно да се потценува Ковачевски, без разлика што е изненадување

од Nikola Popovski
391 прегледи

За новинарот Сашо Ордановски, тоа што СДСМ оди на општи избори наместо на досегашните избирања на претседател на партијата на Конгрес е добра одлука и подемократска.

-Иако во политиката секогаш е важно кој ги брои гласовите, а не кој како гласа. Очекувам дека сега е шанса во СДСМ да се јават повеќе луѓе со амбиција. Ветерот во грбот на Ковачевски од Заев не е за потценување, бидејќи лидерот на СДСМ е се уште највлијателната личност во партијата, смета Ордановски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, во СДСМ е добро ќе влегуваат и луѓе кои ќе внесат нешто ново, кое не би значело директна добивка и калкулации.

-Ковачевски е во своите 40-ти години и се проектира со подолг стаж во политиката. Сепак, тој не е случаен човек и не е изваден од никаде. Би било погрешно да се потценува Ковачевски, без разлика што е изненадување, бидејќи во Македонија и Груевски и Заев се потценуваа, потенцира Ордановски.

Слични содржини