Ордановски: Го овластувам Тричковски да ме застапува во јавноста по повод квалификацијата на Мицкоски

од Vladimir Zorba

Во денешната колумна Сашо Ордановски ја прокоментира квалификацијата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашната бомба дека тој и новинарот Бранко Геровски биле „испрдоци“ на Сашо Мијалков.

„Со оглед на неговата неспорна експертиза на полето на социо-психолошките и политичките дијагнози на лидершипот на ВМРО-ДПМНЕ, неотповикливо го овластувам Бранко Тричковски да ме застапува во јавноста по повод квалификацијата на Мицкоски дека сум (додуша, второпласиран) „испрдок“ на Сашо Мијалков.Признавам, само Тричко може да ја протолкува таа патологија“, вели Ордановски.

Нови разговори од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, повторно беа објавени на „Јутуб“ каналот именуван како „Рекет“.

Во него се слуша како Мицкоски се жали од Мијалков и му тврди на Милески-Кичеец дека се бори за законот со кој се регулира статусот на СЈО не помине, а со тоа да прекине и предметот „Империја“ каде освен Мијалков, осомничен е и Орце Камчев.

„Не бе ова, повеќе зборувам за Сашовци-машовци. Сега он пишуваше писма, фејсбуци, ме плукаше… правеше театар за јавноста претходни две недели, испрдоци од типот на Геровски и слични, Сашо Ордановски, и сега јас се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски неговиот најголем предмет, тој „Империја“, се слуша како вели Мицкоски.

Слични содржини