Синоќа неколку лица на плоштадот „Скендерберг“ во Скопје истакнале транспарент по повод случувањата на Косово кај селото Бањска.
-Долга река Ибр, крв од Планина. Орелот има две глави, а една е во Митровица, пишува на транспарентот кои го држеле десетина млади лица чии лица биле замагалени. Фотографијата беше објавена на социјалните мрежи од страна на навивачката група „Шверцери“.
На фотографијата се гледа и како две лица го држат албанското знаме.
Денеска во Косово е ден на жалост. Одлуката ја донесе претседателката на Косово, Вјоса Османи, во знак на почит кон убиениот полицаец кај Бањска.
Инцидентите во Бањска почнаа во неделата нешто пред 3 часот рано наутро. Во ова село во општина Звечан во заседа загина еден косовски специјалец, а двајца полицајци се повредени.
Уште еден припадник на косовската полиција е повреден во престрелката која продолжила во текот на вчерашниот ден.
Од друга страна, најмалку тројца напаѓачи се убиени, а уапсени се уште неколку лица кои биле поврзани, бидејќи кај нив била пронајдена радио врска.
Сочувство упати и српскиот претседател Александар Вучиќ кој изјави дека го осудува убиството, но и со тешки критики кон косовскиот премиер, косовската полиција и меѓународната заедница поради вчерашните настани.