17
Организацијата Трамп, семејната компанија на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе соработува со романската компанија за недвижности SDC Imobiliare за изградба на луксузна станбена кула во Букурешт, соопштија двете компании во понеделник.
„Трамп кулата во Букурешт ќе биде изградена во срцето на романската престолнина, еден од најживите и динамичните пазари во развој во Европа, носејќи премиум резиденции со брендот Трамп во регионот“, се вели во соопштението на компаниите, објавено од Ројтерс.
Во соопштението не е наведено каде ќе се гради луксузната зграда или кога ќе започне работата на објектот, кој е брендиран како луксузен станбен комплекс.