Нијах Хјустон, една од најпознатите скејтбордери во светот со 12 златни медали на „X Games“, ја прослави освоената бронза во текот на викендов. Сепак, тој забележал дека неговиот медал почнува да покажува знаци на истрошеност, при што бронзената боја избледувала на неколку места.
Во четвртокот Хјустон сподели видео на Инстаграм во кое го покажува својот бронзен медал. Обраќајќи им се на своите 5,3 милиони следбеници на социјалните мрежи, тој рече:
„Овие олимписки медали изгледаат одлично кога се сосема нови. Но, откако го носев на мене и им дозволив на пријателите да го носат за време на викендот, тие почнуваат да избелуваат. Очигледно не се толку квалитетни како што мислите. Шогледнете го ова, изгледа потрошено. Дури и предниот дел почнува малку да се распаѓа“.
Nyjah Huston, medalhista de bronze do Skate Street, grava vídeo exibindo o desgaste da medalha olímpica após o contato com a pele.
“As medalhas são bonitas quando estão novas, mas depois que entrar em contato com a pele, com suor, e depois de deixar meus amigos usarem no fim de… pic.twitter.com/yT8x6cVmrQ
— Antenados (@canalantenados) August 8, 2024
Хјустон подоцна рекол дека неговиот медал изгледал како да „заминал во војна и назад“.
Организаторите му ветиле дека ќе ги заменат сите „оштетени“ медали, како што објаснил портпаролот на Игрите за „Mail Sport“.
„Париз 2024 е запознат со ставовите од спортистот на социјалните мрежи чиј медал покажува штета неколку дена по неговото доделување“.
„Ние тесно соработуваме со Monnaie de Paris, институцијата одговорна за производство и контрола на квалитетот на медалите и заедно со Националниот олимписки комитет, со цел да го испитаме медалот и да ги разбереме околностите и причините за оштетување. Медалите се најпосакуваниот предмет на Игрите и најскапоцените за спортистите“, соопштил портпаролот на Олимписките игри во Париз.
„Оштетените медали ќе бидат систематски заменети со Monnaie de Paris и ќе бидат изгравирани на идентичен начин како и оригиналите“.