Организаторите на ОИ во Токио: Игрите нема да бидат откажани

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Сеико Хашимото денеска повтори дека Игрите ќе започнат за нешто повеќе од три месеци и дека тие нема да бидат откажани и покрај големиот број случаи на коронавирус во Јапонија.

„Постои загриженост, но како Организациски комитет на Олимписките игри, ние не размислуваме за откажување“, рече Хашимото на прес-конференција.

Прашањето за откажување на Игрите беше повторно покренато вчера откако еден од функционерите на владејачката партија во Јапонија изјави дека откажувањето е една од опциите.

Хашимото изјави дека ја разбира загриженоста на Тошихира Никаи и додаде дека и јапонската јавност веројатно ја дели истата.

Анкетите покажуваат дека дури 80 проценти од Јапонците се противат на одржување на Олимписките игри за време на пандемија.

Слични содржини