Организаторите на пучот во Германија купувале оружје во Хрватска и ги убивале своите противници

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Рајхсбургер, односно Граѓаните на Рајхот, радикално германско десничарско движење кое неодамна се најде во центарот на јавноста, пред неколку години купило оружје за своите терористички акции од Хрватска, пишува „Јутарњи лист“.

Весникот потсетува дека германската полиција го уапсила раководството на движењето поради обвинувања дека планирале да извршат државен удар и да направат еден од нивните водачи германски император.

Еден од неговите наводни членови живеел во Хрватска, каде што се населил откако се оженил со Хрватка. Хрватската полиција и УСКОК спречиле набавка на оружје, меѓу другото за Рајхсбиргер, а во заедничка меѓународна акција со германската полиција беа уапсени десетици лица, меѓу кои и хрватски државјани кои беа осудени и во хрватскиот и во германскиот суд, пренесува „Индекс.хр“.

Дополнително, беше утврдено дека дел од оружјето што го набавила оваа група се користело во Германија за ликвидација на политичките противници на десницата.

Тајна истрага

Признанието на Мартина М., но пред се тајното прислушување на разговорот на шверцерот, кој го докажа хрватскиот УСКОК, доведе до неодамнешната осуда пред судот во Минхен против Александар Рајхл, Мартина М. и уште еден член на Рајхсбургер.

Рајхл, поранешен германски цариник, најпрво беше член на радикалната десничарска Национал-демократска партија на Германија (НПД), а во 2016 година се приклучи на десничарската Алтернатива за Германија (АФД), но беше поврзан и со членовите на Рајхсбургер од Горна Баварија.

Хрватската полиција на почетокот на 2018 година дознала дека Рајхл веќе купувал количества воено оружје останато од војната во Хрватска и со помош на неколку помагачи го транспортирал во Германија, каде тоа оружје им било поделено на членови на десничарски групи, вклучително и на членови на Рајхсбургер.

Во соработка со германската полиција, покрената е тајна истрага, а се снимени и телефонските разговори на осомничените, од кои произлегува дека тие договориле набавка на автоматски пушки, снајпери, пиштоли, кратки митралези, рачни бомби, пушки…

Во Хрватска се уапсени вкупно 16 лица врз основа на обвинението на УСКОК, тие беа обвинети дека набавиле оружје за Рајхл. Во постапката пред Жупанискиот суд во Осиек, најголем дел од обвинетите беа осудени врз основа на спогодба на условни и безусловни затворски казни, пишува „Јутарњи лист“.

Слични содржини