Организацијата на потрошувачи апелира да се ограничат цените на прехрамбените производи

од Vladimir Zorba
522 прегледи

Најавите за енормни поскапувања на речиси сите производи и услуги го вклучија црвениот аларм во Организацијата на потрошувачи на Македонија. Подршка и разбирање ќе побараат од Владата и од бизнис секторот.

„Очекуваме дека ќе не вклучат во преговорите во кои ќе утврдат критериумите за ограничување на цените за потрошувачите и поддршката на бизнис секторот“, вели во изјава за Локално претседателот на ОПМ, Д-р Маријана Лончар Велкова.

Свесни се како што посочуваат, дека не можат да ја сопрат светската спирала, па оттука нивниот апел до Владата и бизнис заедницата е да се погрижат за ограничување на цената барем на основните прехрамбени прозводи (маслото за јадење, лебот, брашното, млекото, шеќерот, солта, и сл.)

„Појавата на енормниот пораст на цените ќе ги погоди особено сиромашните граѓани кои и досега се погодени, а во нашата земја повеќето луѓе припаѓаат на оваа група или се сиромашни“, потсетува Лончар.

Во Организацијата на потрошувачи како приоритетна ја посочуваат грижата за животниот стандард на потрошувачите во претстојниот период кој недвојбено ќе биде под постојана закана.

„Секојдневно ги следиме најавите за енормното покачување на цените на енергенсите кои како спирала ќе го поттикнат покачувањето и до 40% на цените на прехрамбените производи, средствата за хигиена, а секако и најавеното покачување на цената на градежните материјали, автомобилите и воопшто производите и услугите“, вели Лончар додавајќи дека со ваквите појави се соочуваат потрошувачите секаде во регионот, Европа и светот.

К.В.С.

Слични содржини