340
Поднесена е кривична пријава против сопственик на ресторан во селото Неготино, Гостиварско, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија денес од МВР.
„На 25 ноември, во 14.20 часот, полициски службеници од ПО Галате извршиле контрола во угостителски објект на пријавениот и констатирале дека се одржува свадба.
На веселбата биле затекнати повеќе лица, со што не биле почитувани мерките за заштита од Ковид-19“, стои во полицискиот билтен.