405
Дебата за спроведување на новиот закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер, за денес организираше Центарот за граѓански комуникации.
Имено, оваа дебата е по повод една година од примената на Законот, се со цел да се продискутира за првичните искуства од неговата примена, односно да се покаже кои се недостатоците на истиот, со цел да се добијат препораки за унапредување на неговата примена во иднина.
Поради Ковид пандемијата пак, само говорниците кои се предвидени ќе присуствуваат на дебатата, додека пак, останатите поради заштитата и мерките поради Коронавирусот ќе се вклучат онлајн преку апликацијата Зум.