Турција може да се урне самата себе.. Претседателот Реџеп Таип Ердоган е виновен за несигурната  клима, брутално илустриран од најсмртоносните напади во саботата во Анкара. Зголемувањето на  нестабилност во земјата е поврзано со неуспехот на Партијата на правдата и развојот, која не успеа да постигне парламентарно мнозинство во јуни.

орханИзборниот  пораз го накостреши Ердоган. Тоа доведе до предвремените парламентарни избори на 1 ноември. Поразот  стана и причина за неодамнешното продолжување на воените дејствија меѓу армијата и курдските бунтовници. Ердоган не успеа да ги  убеди Курдите да му го дадат  својот глас за неговиот план за создавање на претседателска република. Затоа тој одлучи да оди на гласање повторно на 1 ноември. Но, ниту владата, ниту армијата беа задоволни од тоа како се одвиваат работите и се согласија да продолжат со војната против курдско движење. Се плашам од продолжувањето на граѓанската војна.

Во 1970 година на улиците на мојот Истанбул бевме сведоци на реален конфликт меѓу луѓето од лево и оние од десно. Секој над 35-годишна возраст чува ужасните спомени од тој период и никогаш не сака да се врати тоа. Повеќето Турци разбираат каков е Ердоган. Земјата  ги откри неговите сметки. Прво, дека тој не сака да биде дел од меѓународната коалиција, удирајќи се против “Исламска држава”. Потоа тој се согласи да го направи она што Американците сакаа, но во исто време почна да ги напаѓа Курдите. Луѓето се изненадени  и во шок. Една земја во мир одеднаш излегува во состојба на војна, како против “Исламската држава”, така и против Курдите. Загрижен сум за Турција, бидејќи знам дека на крајот Ердоган сака да управува сам по секоја цена. Тој не сака да ја споделува власта.

————————————-

Орхан Памук, добитникот на Нобеловата награда за литература во 2006 година Статијата е објавена во италијанскиот весник “Република”.

Слични содржини