Ориз со спанаќ во сос од кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 700 гр спанаќ

– 2 чаши од 2,5 дл ориз

– 4 чаши вода

– 1 коцка за супа од зеленчук

– 3 лажици путер

– 1 главица кромид

– масло за пржење

– сол, бибер

– неколку листови нане

Сос:

– 3 лажици путер

– 3 лажици брашно

– 1/2 литар млеко

– 2 јајца

– 100 гр кашкавал

Подготовка:

Кромидот исечкајте го на ситни коцки и пропржете го на врело масло.

Добро измијте го спанаќот и исечете го.

Кога ќе се испржи кромидот, додадете го спанаќот и пропржете додека не омекне. Зачинете го со сол и додадете неколку листови нане.

Пржениот спанаќ тргнете го на страна.

Сварете го оризот во зовриената вода во која ја ставивте коцката за супа. Варениот ориз извадете го од шпоретот.

Намачкајте огноотпорен сад со путер, а потоа ставете половина од оризот во него. Потоа додадете половина од запржениот спанаќ. Повторно ставете ориз, па повторно спанаќ.

Во длабок сад ставете го путерот да се растопи и врз него пропржете го брашното додека не порумени. Додадете го млекото и измешајте за да избегнете грутки.

Кога ќе зоврие и згусне, тргнете го од шпорет. Кога малку ќе се излади, додадете ги изматените јајца и измешајте да се соединат со сосот.

Готовиот сос прелијте го врз спанаќот, посипете со рендан кашкавал и ставете во рерна загреана на 180 степени да се пече.

Слични содржини