Орландо Блум: Го сакам чуството кога бебето е во раце, а светот спие

од Vladimir Zorba

Орландо Блум наскоро ќе добие ќерка со Кејти Пери, а сега зборуваше за татковството.

Актерот од претходниот брак со манекенката Миранда Кер има син, Флин.

„Возбуден сум. Магично е кога ангел доаѓа на планетата, затоа што токму такво е чувството. За мене, тие мирни моменти дома, кога сте сами со семејството и бебето, се грижите и гледате каде можете да помогнете и што можете да направите за тој мал живот на овој свет “, рече актерот со насмевка на лицето за шоуто „Добро утро Америка“.

„Со нетрпение ги чекам оние многу долги ноќи каде веројатно ќе мора да станам и да го нахранам бебето со шише млеко, затоа што очигледно нема да дојам. Со нетрпение го чекам затоа што ги сакам тие тивки моменти кога имате чувство дека целиот свет спие, а бебето ви е во раце“, вели актерот,

Слични содржини