Гласините за евентуалната поврзаност меѓу Орландо Блум и Селена Гомез не можат да престанат веќе две години.b775ae856ce9dab8f285d5e029e63732

Убавата бринета и актерот беа набедени за љубовници уште во 2014-та, откако тој веќе се беше разделил со Миранда Кер, а таа беше во врска со Џастин Бибер.

На крајот на краиштата, гласините никогаш не беа потврдени, но се гледа дека двете ѕвезди продолжуваат да бидат сомнително блиски.

23-годишната Гомез беше VIP гостин на 39-тиот роденден на Орландо, кој беше на 13 јануари.

Според очевидци двајцата се прегрнувале цела вечер во посочениот клуб каде била забавата на Блум.

Освен тоа Гомез му напиша нежна честитка на британскиот актер во Instagram. Таа гласи: “Среќен роденден Орли! Слави добрина. ”

Неодамна Селена изјави дека би сакала да си најде зрел дечко, можеби алудирајќи на Орландо.

Веројатно се сеќавате дека меѓу Бибер и Блум избувна скандал во еден бар во Ибица во јули 2014 година. Тогаш се зборуваше дека Џастин имал блиски односи со екс сопругата на Блум – Миранда, во декември 2012 година, по концертот на Victoria’s Secret.

Причината сепак може и да е во Селена.

Слични содржини