ОРМ испрати предлог за измени и дополнувања во Законот за минимална плата до МТСП

од Берта Китинска
263 прегледи

Организацијата на работодавачи на Македонија(ОРМ) испрати предлог за измени во Законот за минимална плата до министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Во својот допис до министерството од ОРМ објаснуваат:

Во Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17,140/18, 124/19, и 239/19), членот 4 се ненува и гласи:
„(1) Исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година со

-порастот на индексот на трошоците на живот и
-реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на

Државниот завод за статистика.

(2) Висината на минималната плата не може да изнесува момалку од 50% од просечната плата по работник исплатена во последните три месеци и објавена во Државниот завод за статистика до денот на усогласувањето.

Член 2
Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за минимална плата во Република Македонија.

Член 8
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република членот 1 се менува членот 4 од постојниот закон со кој се уредува начинот на усогласување на висината на минималната плата секоја година во Март месец.

Оттаму додаваат дека со членот 1 се менува членот 4 од постојниот закон со кој ќе се уредува начинот на усогласување на висината на минималната плата секоја година во Март месец.

-Со новото решение висината на минималната плата се усогласува со вкупниот пораст на индексот на трошоците на живот, на тој начин се обезбедува одржување на реалната висина на минималната плата и нивната куповна моќ. Висината на минималната плата исто така се усогласува со реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година со што се овозможува раст на минималната плата во зависност од остварената продуктивност во земјата.Ваквото усогласување е двојно по високо од постоечкото со кое висината на минималната плата се усогласуваше со една третина од порастот на просечната плата, една третина со порастот на трошоците на живот и една третина со порастот на БДП. Со новото решение исто така се воведува ограничување на висината на минималната плата, на начин што таа не може да изнесува помалку од 50% од просечната плата во државата и со тоа Република Северна Македонија ги прифаќа одредбите од Предлог Директивата на Европската унија за минимална плата со што се хармонизира нашето законодаство со европското, пишува во дописот на ОРМ.

Слични содржини