Орпо: ЕУ треба да и помогне на Финска да го спречи протокот на мигранти низ Русија

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Европската унија треба да преземе мерки за да и помогне на Финска да го спречи протокот на мигранти преку Русија, изјави денеска финскиот премиер Петери Орпо.

„Подготвуваме сопствен закон, но ни требаат и мерки на ЕУ“, рече Орпо по посетата на границата на оваа скандинавска земја со Русија заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, пренесе Ројтерс.

Финска ја затвори границата со Русија минатата година поради зголемениот број мигранти кои пристигнуваат од различни земји, вклучувајќи ги Сирија и Сомалија, и ја обвини Москва дека ја користи миграцијата како оружје против неа и ЕУ, што Кремљ го негира.

Слични содржини