
Недостатокот на контакт со други луѓе предизвикува не само чуство на осаменост, туку исто така може да ги ослабне коските на постарите жени, пренесе УПИ.
Долгогодишна студија која вклучува повеќе од 11.000 жени над 50 години во Соединетите Американски Држави ја покажа врската помеѓу пониската коскена густина и несоодветните или незадоволителни контакти. Врз коските влијае поскоро квалитетот, наспроти количината на контакти, објави БТА.
Претходните студии покажаа дека факторите како што се сериозно стресни настани и пониски нивоа на оптимизам и задоволство од животот можат да бидат поврзани со фрактури.