Осаменоста го зголемува ризикот од прерана смрт за 26 отсто

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Осаменоста го зголемува ризикот од прерана смрт за 26 отсто, покажа студијата на Универзитетот Биргам Јанг, објавена во списанието Perspectives on Psychological Science.

Социјалната изолација и недостатокот на социјални врски дополнително го зголемуваат овој ризик, поради што експертите сметаат дека осаменоста може да биде подеднакво лоша за здравјето на луѓето како и дебелината или пушењето.

Научниците направија разлика помеѓу луѓето кои се чувствуваат осамено и оние кои навистина немаат контакт со надворешниот свет. Студијата покажа дека ризичните групи ги вклучуваат и оние кои се сами, но се чувствуваат среќни, како и поединци кои имаат многу социјални контакти, но се чувствуваат осамено.

„Ако им кажеме на луѓето повеќе да се дружат со другите, тоа може да го реши проблемот на социјална изолација, но не и чувството на осаменост. Затоа треба да прифатиме дека двете категории се подеднакво важни“, тврди водачот на студијата Џулиен Холт-Ланстад.

Експертите тврдат дека развојот на технологијата влијае на тоа што се поголем број луѓе во светот живеат во социјална изолација и дека имаат сè помалку врски лице в лице. Од друга страна, истражувањата покажаа дека создавањето пријателства и романтични врски го намалуваат стресот, го подобруваат имунитетот и му даваат поголема смисла на животот.

„Клучот е да одржувате значајни и блиски односи со саканите, како и да имате богат социјален живот“, советува д-р Холт-Ланстад.

Слични содржини