Оштетен потпорниот ѕид на Кале: Општина Центар го предупреди Град Скопје, Арсовска вели дека не е надлежна

од Nikola Popovski
148 прегледи

Екипи на Општина Центар веќе извршија увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата Лазар Личеновски на Кале за кој стигнаа укажувања од граѓани дека може да се сруши. Според информациите, станува збор за потпорен ѕид кој е дел од скалите кои видат од улицата Лазар Личеновски до локацијата на Француски гробишта и Амбасадата на САД.

Од Општина Центар велат дека немаат ингеренции и надлежности за овој случај поради што и не смее да постапи, но со оглед на сериозноста на работите испратиле допис до Градот Скопје кој согласно надлежностите го повикавме да направи увид и го реши проблемот.

Од Град Скопје информираат дека досега до нив не стигнало никаков допис.

-До овој момент нема добиено никаков допис од ниту една институција – следствено, до овој момент немаме добиено допис ниту од општина Центар. Што се однесува до надлежностите, за Скопското Кале единствено одговорност има Националната Установа Конзерваторски центар. Надлежностите на градот завршуваат со коловозот и тротоарите на ул. Лазар Личеноски, велат од Град Скопје.

Додаваат дека бидејќи до овој момент до градот Скопје нема пристигнато никаков допис во врска со потпорниот ѕид на Скопското Кале на страната на ул.Лазар Личеноски, ги упатуваат од општина Центар да се приклучат на дописот на градот Скопје до Министерството за Култура и НУ „Конзерваторски Центар, велат од Кабинетот на Арсовска.

Засега се уште нема реакција од Министерството за култура.

Слични содржини