Оштетена фирма за над 21 илјади евра – фактурата била пресретната и фалсификувана

60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Локално

На 03.02.2026 во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра.

Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.