Општина Карпош ја известува јавноста дека во неделата, во раните утрински часови, извршен е вандалски чин во кој беше оштетена новогодишната елка која беше поставен на плоштадот Делфина во Влае.
Информираат дека службите од ПС Карпош веднаш излегле на увид и истите постапуваат согласно надлежностите во откривање на сторителите.
-Новогодишната елка и останата декорација е дел од празничната магија која треба да ги збогати овие денови и затоа апелираме до сите граѓани за одговорно однесување, а секој што ќе примети недолични дејства на јавните површини во општината, веднаш да пријави до ПС Карпош, стои во реакцијата од Општината.