Оштетени неколку автомобили од паднати дрва во Козле

од Берта Китинска
264 прегледи

По пријава од граѓани евидентирани се штети по невремето кое вчера го зафати градот и територијата на општина Карпош.

-За време на силното невреме што зафати делови од Скопје падна дрво во населбата Козле спроти студентскиот дом Гоце Делчев на улицата Јури Гагарин. Екипи на Општина Карпош веднаш излегоа на лице место и го расчистија теренот, информираат од општина Карпош.