„Оштетени се покриви на згради и училиштата“: Украина повторно ја гранатира Русија?

од Stefanija Kuzmanovska
578 прегледи

Украинските сили гранатираа руски град во близина на границата по трет пат во една недела, при што беа повредени четири лица, оштетени згради и запалени возила, изјави денеска гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.

Две лица се хоспитализирани како резултат на артилерискиот напад врз Шебекино, наведе Гладков на апликацијата за пораки Телеграм.

„Во гранатирањето, меѓу другото, оштетени се прозорци и покриви на станбена зграда од осум ката, четири куќи и едно училиште“, истакна тој. „Ројтерс“ не беше во можност независно да го потврди извештајот.

Гладков во понеделникот пријавил дека биле погодени две индустриски објекти во градот. Во саботата, тој рече дека бил под артилериски оган додека се обидувал да влезе во градот, кој е само околу седум километри северно од границата со Украина. Белгород, кој се граничи со украинскиот регион Харков, во последните месеци е се почесто напаѓан од украинските сили.

„Четири лица се повредени. На сите им се помага. Фала богу, нема загинати. Од денеска ги евакуираме децата од Шебекин. Денеска триста деца ќе бидат преместени во Воронеж“, изјави Гладков.

Украина не реагираше на последното гранатирање, но речиси никогаш јавно не презема одговорност за нападите во Русија и на териториите под руска контрола во Украина. Локалниот координативен центар во областа Луганск, формиран од Москва, тврди дека четири лица загинале, а 16 се повредени во украинското гранатирање на селото Карпати. Како што се наведува, била погодена живинарска фарма.

Двете страни негираат дека целеле цивили во 15-месечната војна која Русија ја започна во февруари 2022 година.

Слични содржини