Оштетени штедачи: Историски праведна одлука на уставниот суд

од Берта Китинска
421 прегледи

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи“ преку соопштение им честиташе на Уставните Судии за „историски праведната одлука!“

„Нашето убедување беше и останува, дека преку НЕПРАВО МОЖЕ ДА СЕ СОЗДАДЕ ПРАВО АКО СЕ САКА И ИМА ВОЛЈА ЗА ТОА! УСТАВНИТЕ СУДИИ САКАА И ИМАА ВОЛЈА И ПОКРАЈ СИТЕ ПРИТИСОЦИ ВРЗ НИВ ОД РАЗНО РАЗНИ КОМИСИИ, ИНСТИТУЦИИ И НАВОДНИ ЕКСПЕРТИ. Затоа, секаде каде Здружението се обраќа и секогаш кога настапува кон секоја институција бара само едно, ПРИМЕНА НА УСТАВ, ЗАКОН и подзаконски акти, и тоа така како што пишува во нив, без импровизација и без слободна интерпретација.

Оваа историска победа е за сите граѓани во државата и истата треба да биде поттик да во овие тешки времиња на пандемија и економска криза уставниот поредок да служи како поддршка на граѓаните, а не за лични интереси на поединци и лоби групи. Се надеваме дека институциите нема да запрат тука и дека конкретниов случај на носење на историски праведна одлука ќе служи за пример како да делуваат понатаму.

За историски одлуки се потребни херои, а денес тоа се Уставните Судии. Ви благодариме што останавте на страната на правото и правдата! Борбата за нас тука не престанува, туку напротив БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!“, велат од Здружението.

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаното продолжение на IX-та седница расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019).

Предлогот за донесување на решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбата за која се одлучи да се поведе постапка, не беше усвоен.

Слични содржини