Оштетени штедачи: Кој ќе ја купи главната зграда на Еуростандард банка во центарот на Скопје?

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

И додека обвинителството упорно молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка, за продажба стигна и главната зграда на банката во строгиот центар на град Скопје. Понудена е за продажба на сите заинтересирани субјекти на објавениот оглас. Таа е една од малкуте останати вредни имоти кои не се украдени поради фактот што не можела и физички да биде украдена додека била и останала во сопственост на самата банка. Но, нејзината вредност останува да биде како утеха за оштетените депоненти, граѓани и фирми, дека сепак има останато нешто вредно од банката и дека не е се украдено, наведуваат во соопштение од Здружението на Оштетени Штедачи ЕСБ банка.

„И покрај сите докази за грабежот на депозитите од банката, обвинителството е институција која треба да го даде последниот збор, да донесе одлука за обвинение. Но, по се изгледа, поради можното соучество на некои високо позиционирани политичари, банкари и сопственици на фирми во грабежот на Еуростандард банка, можно е одлуката од обвинителството да почека подобри времиња кога навистина ќе сакаат да застанат на страна на граѓаните, а против криминалот.

Лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, со својата грандиозност и привлечност, главната зграда на Еуростандард банка беше симбол за стабилност и сигурност, верба во банкарска институција со која може да се соработува. И покрај фактот што во банката се случувал долгогодишен масовен грабеж на депозити без истиот да биде навремено спречен и санкциониран од Народната банка и останатите надлежни институции на прогонот, централната главна зграда на Еуростандард банка како градба останува да зрачи со својата атрактивност и привлечност. Најновата официјална проценка за вредноста на зградата вели дека нејзината сегашна пазарна вредност е во висина од околу 520 милиони денари или околу 8,4 милиони евра.

Оштететните депоненти, граѓани и фирми, имаат можност да ги повратат барем еден дел од нивните украдени пари преку продажба на атрактивната зграда на Еуростандард банка. Таа е една од малкуте вредни имоти кои останаа во рамките на стечајната маса и која сега се нуди за продажба. Тоа е можност за сите заинтересирани домашни и странски субјекти да навремено достават банкарска гаранција или да извршат уплата на депозит за учество на јавната електронска продажба на зградата согласно условите наведени во огласот. А огласот кажува дека електронското надавање за главната зграда на банката е закажано и ќе се случи на 15 март оваа година. Сите оштетени депоненти од Еуростандард банка посакуваат успешно идно користење и берикет на најдобриот понудувач и купувач на зградата“, истакнуваат оттаму.

Слични содржини