Оскар се врати во Сао Паоло

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Поранешниот фудбалер на Челси, Оскар, потпиша договор со Сао Паоло, соопшти бразилскиот клуб.

По 14 години Оскар се врати во Сао Паоло каде ја започна својата кариера. Тој дојде во клубот како слободен играч, а ниту тој ниту клубот не соопштуваат детали за трансферот.

Бразилските медиуми објавија дека се работи за тригодишен договор.

Претседателот на клубот Хулио Касерес објави фотографија со 33-годишниот фудбалер на социјалните мрежи и рече дека тоа е „супер трансфер“.

Неколку минути подоцна Оскар му се заблагодари на кинескиот клуб Шангај Порт за кој настапуваше осум сезони.

„Денес го заокружувам кругот кој засекогаш ми го одбележа животот. Заминувам со срце полно со благодарност и гордост за се што постигнавме заедно“, изјави Оскар.

По Сао Паоло, Оскар настапуваше за бразилскиот Интернационале, од каде во 2012 година се пресели во Челси, со кој освои две титули во Премиер лигата и Лига Европа.

Во средината на сезоната 2016/2017 се пресели во Шангај за трансфер од 73 милиони долари. Со кинескиот клуб освои три титули во Супер лигата.

Тој настапуваше за младинските селекции на Бразил, додека за А селекцијата од 2011 до 2016 година одигра 48 натпревари и постигна 12 голови.

Слични содржини