Оскаровецот на суд: Подведувал жени по клубови

328 прегледи

Оскаровецот Куба Гудинг Џуниот во среда е повторно пред судот, кој ќе одлучи колку сведоци ќе дадат изјава во случајот против него.

Актерот минатата година беше обвинет од страна на десетина жени за „допирање, шлаканици и гризење“ по разни делови од телото во неколку клубови кои често ги посетувал.

Според последните пресметки, триесетина жени имале непосакуван контакт со актерот, кои воглавном ги допирал по градите, задникот и гениталиите.

Актерот ги негирал обвинувањата, а случајот и понатаму е во тек пред судот во Њујорк.

Слични содржини