Осквернавен гроб на голема актерка,скршена надгробната плоча

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Гробот на една од најголемите европски актерки која остави голем впечаток во минатото Роми Шнајдер е жртва на ограбувачи, објави “Фигаро”.

Непознати ја искршиле плочата со цел да ја ограбат, но не успеале. Последниот дом на големата актерка која се прослави со улогата на царицата Сиси е во Боаси, во Париз.

Таму е погребан и нејзиниот син Давид, кој умира на 14 години. Самата Роми почина на 43 години.

“Нема сериозни штети, но е факт, гробот бил отворен„, објавија властите во француската престолнина.