Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро осуди група мажи кои танцувале на ѕидот на ерменската црква Сурб Такавор во истанбулскиот регион Кадика.
Претходно, турските медиуми објавија дека група млади луѓе танцувале на улицата каде што се наоѓа црквата во понеделникот вечерта. Двајца мажи во алкохолизирана состојба се искачиле на ѕидот на црквата на влезот во неа и продолжиле да играат. На социјалните мрежи беше објавено видео од инцидентот со граѓаните пред крстот.
Полицијата одредила притвор за учесниците во инцидентот, а двајца мажи биле ставени во превентивен домашен притвор, пренесува РИА Новости.
„Непочитувањето (кон религијата) што беше демонстрирано во црквата во Кадика,го сметам како провокација насочена против нашето единство“, рече Ердоган во телевизиско обраќање. Преносот беше извршен на неговиот Твитер профил.