260
Состојки:
– 1 кг ослиќ
– 4 чешниња лук
– 100 мл доматно пире
– 50 мл сок од домати
– 1 лута пиперка
– ловоров лист
– неколку парчиња лимон
– маслиново масло
– зрна бибер
– магдонос
– сол, мелен бибер
Подготовка:
Исецканиот лук малку пропржете го и извадете го од маслото.
Во таа маст пропржете сечкан магдонос и лута пиперка, па додадете доматно пире и сок од домати.
Зачинете со сол и бибер, динстајте додека течноста не испари, па оставете ја на страна.
Варете го ослиќот во зовриена вода во која претходно сте додале прстени од лимон, ловоров лист и зрна бибер, но не подолго од 20 минути.
Сварената риба исчистете ја од кожата и коските, искинете ја на крупни парчиња, ставете ја над лутиот сос и послужете.