Ослободени дел од приведените навивачи на Левски, избодениот Бугарин е во стабилна состојба

од Nikola Popovski
359 прегледи

Бугарските медиуми известуваат дека пред повеќе од еден час, ослободени биле 11 приврзаници на Левски, кои синоќа биле приведени од македонската полиција поради судирите пред натпреварот на бугарскиот тим против Шкупи во второто коло од Конференциската лига.

Во изјава за „БНТ“, бугарските навивачи споделија дека односот кон нив во подрачната гранична администрација бил добар, бидејќи како што велат, добиле храна и вода, како и можност да разговараат со своите роднини во Бугарија.

Приведените навивачи од Софија велат и дека некои од нив биле уапсени без причина.

Полицијата се однесуваше многу добро. Немаше никакви проблеми. Бевме приведени пред натпреварот, наводно затоа што сме се степале со полицијата. Сепак, камерите покажаа дека немало такво нешто. Ги плативме казните и бевме пуштени, споделил еден од приведените.

Според информациите од нашето Министерство за внатрешни работи, уапсени се вкупно 19 бугарски приврзаници, а дел од нивното ослободување е постигнато по исплатата на казните, средствата за кои ги собрале навивачите на Левски кои присуствуваа на средбата во Скопје.

Во меѓувреме, при судирите синоќа имаше и тешко повреден Бугарин кој бил избоден со нож. Повредениот веднаш бил пренесен во Градската болница болница во Скопје каде итно му била извршена операција. Бугарскиот државјанин е во стабилна состојба и нема опасност по неговиот живот.

Јавното обвинителство соопшти дека се собрани докази од граѓаните кои учествувале во судирот, а кои според првичните информации не биле дел од локалната навивачка база, како и за целосно расчистување на инцидентот, кој ќе биде предмет на испитување. Обезбедени се и видео снимки од околните објекти и од камерите на системот „Безбеден град“.

Фото: Радостин Любомиров

Слични содржини